ДАНЕА ФАРМ
Ваша аптека за поинаква и подобра фармацевтска грижа
Во Данеа-Фарм работат дипломирани фармацевти и фармацевтски техничари, кои го следат развојот на фармацијата за целосна и подобра фармацевтска грижа за сите пациенти. Фармацевтите соработуваат со медицинскиот тим на Ре-Медика за лековите и медицинските средства кои се потребни секогаш да бидат достапни до пациентите.
Аптеката располага со широка палета на лекови и медицински средства. Пациентите може да резервираат лек на телефон и потоа да дојдат да го земат. Доколку некој лек е дефицитарен фармацевтот во аптеката ќе се обиде да го набави.
Во Данеа-Фарм има редовни акции за медицинска козметика, со подароци и попусти за пациентите.
Повелете во Данеа-Фарм, за поинаква и подобра фармацевтска грижа за вашето здравје.
